„ТОС-1А“ – руски ракетен систем со домет 40.000 квадратни метри (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Минобороны России

„ТОС-1А“ е ракетен фрлач кој е вооружен со термобарски проектили од 220 милиметри, а истиот е монтиран на шасија од тенкот Т-72.

Руското министерство за одбрана објави снимка од ракетниот систем „ТОС-1А“ за време на воените вежби во регионот на Ленинград.

Оружјето кое го носи прекарот „Пламен на сонцето“ (Solntsepyok) содржи 24 термобарски проектили, кои се во можност да уништат сѐ во радиус од 40.000 квадратни метри. Снимките од ова оружје се ретки, а на објавеното видео може да се забележи како системот се движи кон посакуваната положба, а потоа стрела со смртоносните ракети.

 

„ТОС-1А“ е ракетен фрлач кој е вооружен со термобарски проектили од 220 милиметри, а истиот е монтиран на шасија од тенкот Т-72.

Кога потполно е вооружен, еден систем е во можност да уништи персонал, опрема и секое можно утврдување на непријателот на површина до 40.000 квадратни метри – речиси шест фудбалски игралишта.

„Solntsepyok“ може да погоди цели оддалечени до шест километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот