Тортевски: СРАМОТА – Јанева му ја уништи надежта на цел народ за пари

„И јас и речиси целиот тим на СЈО од почеток знаевме дека жената нема капацитет за таа позиција. Заради големата слика и мисијата што ја имаше и премолчуваме. Но дека ќе завлезе во таков криминал не сум помислувал ниту во најлошиот сон. Му ја уништи надежта на цел народ за пари. Срам“, напиша адвокатот Александар Тортевски на Твитер по информацијата за апсењето на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Предмалку на прес-конференција Обвинителството за организиран криминал соопшти дека доставило предлог до судот за определување мерка притвор за специјалната обвинителка Катица Јанева за вмешаност во случајот „Рекет“  во кој досега осомничени се и Боки 13 и Зоки Кичеец. Според ОЈО, Јанева ја злоупотребила службенатра положба и овластувања и стекнала имотна корист од 298 илјади денари, околу 5.000 евра односно, еден од осомничените за неа набавил мебел и облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот