Тортевски: Новинарите треба да одговараат за изнесените невистини во медиумите

По последната најава на премиерот Зоран Заев и неколку министри дека ќе го тужат порталот Инфомакс, со свој коментар на Твитер се јави и адвокатот, Александар Тортевски.

„Против сум новинарите да не одговараат за изнесени невистини во медиумите. Клеветата е потешка од удар со бок и скршен нос. Може да уништи, убије човек. Можат со невистини да му го растурат семејството. Да се натераат да објавуваат проверени и вистинити информации што е корисно“, напиша Тортевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот