Тортевски: Македонија не смее да дозволи да се повтори уште еден ТАТ

Фото: ТВ Телма / принтскрин

ТВОЈА ПАРТИЈА бара најенергична акција на сите државни институции во насока на откривање на вистинските причини за пропаст на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, особено на лицата кои се наоѓале најодговорните позиции во последните десет години.

-Сметаме дека Јавното Обвинителство, Финанасиска полиција, Агенција за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, и Народна Банка не смеат да чекаат ниту една минута и мора веднаш да го замрзнат имотот на сите лица на одговорни позиции во Банката, како и на капитално и персонално поврзаните друштва и основачите на Банката.Ова од причина што не смее да се дозволи виновниците за пропаст на Банката да излезат уште побогати од овој скандал наспроти повеќе стотици граѓани и фирми кои ќе го загубат својот чесно стекнат капитал- стои во соопштението од партијата Твоја партија, кој ја застапува адвокатот Александар Тортевски.

Македонија не смее да дозволи да се повтори уште еден ТАТ, Експорт-Импорт Банка, Радо Банка, потенцираат оттаму, каде што илјадници луѓе ги изгубија своите средства, а виновниците за нивното пропаѓање од сето тоа излегоа уште побогати и некои удобно живеат во странство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот