Тортевски: Кривично дело е изнесувањето на документите од истрагата „Рекет“

Фото: ТВ Телма / принтскрин

Адвокатот Александар Тортевски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека изнесувањето на изјавите и наредбите од истрагата „Рекет“ апсолутно е кривично дело. Тој ова го коментираше по повод денешната изјава на Христијан Мицкоски дека ги има сите изјави и наредби од ОЈО за истрагата „Рекет“.

-Треба нова организација во целиот систем на ОЈО. Треба да се копмлетира со луѓе со кадар, со техника, да се направат проверки за лојалноста на вработените. Ако ова е точно, тогаш протекуваат тајни информации од истрагата. Апсолутно е кривично дело ако некој ги изнел сите документи за таа постапка. Постапката е тајна, тоа е огромен пропуст ако документите ви ги носи кој како сака, вели Тортевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот