Торта со малини без печење: Фантастичен овошен десерт на кој нема да му одолеете! (РЕЦЕПТ)

Направете го овој брз десерт и уживајте во фантастичниот вкус.

Состојки:

– 600 грама мелени бисквити
– 1 кг шлаг
– 1 литар минерална вода
– 2 чаши кисела павлака
– 600 грама малини

Подготовка:

– Измешајте го шлагот со минералната вода, додадете ги двете павлаки и матете се додека смесата да се соедини.

– Шлагот поделете го на три дела, во првиот додадете ги бисквитите, распоредете го на дното од калапот.

– Во вториот дел малините, премачкајте врз кората и во третиот дел не ставајте ништо

– Распоредете преку првите две смеси и оладете.

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот