Торта со јаболка

Состојки:

За тесто:
5 јајца
5 лажици шеќер
5 лажици брашно
1 прашок за печиво
1 лажица масло за јадење

За фил:
1 килограм излупени и исчистени јаболка
1 литар вода
300 грама шеќер

Пудинг од јаболка:
остатокот од водата во која ќе ги варите јаболката
дополнително количество вода додека да достигне еден литар
3 пудинзи од ванила

За декорација:
500 милилитри слатка павлака
3 јаболка
мелени ореви

Подготовка:

Издвојте ги белките од жолчките, а потоа белките убаво изматете ги со миксер додека не направите цврст снег. Тргнете го садот со изматените белки и започнете со миксирање на жолчките, во кои претходно сте го додале потребното количество шеќер. Матете убаво, а потоа во смесата со жолчките додајте го маслото, како и брашното во кое претходно сте го додале прашокот за печиво.

Убаво измешајте ги состојките, а потоа внимателно, лажица по лажица, додавајте ги и белките во смесата со жолчки.

На дното на тавата за печење ставете хартија за печење и истурете ја смесата. Печете го пандишпанот во претходно загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 20 минути.
Кога пандишпанот ќе се испече, извадете го од рерна и оставете го да се излади. Кога комплетно ќе биде ладен, со помош на нож одвојте ги краевите што се залепиле за тавата за печење и префрлете го на чинија за сервирање.

Почнете со подготовка на филот. Во водата сварете ги јаболката и шеќерот. Кога јаболката ќе омекнат, извадете ги од водата и оставете ги да се изладат. Потоа измиксирајте ги со рачен блендер и ставете ги врз целата површина на колачот.

Завршниот слој ќе го подготвите така што ќе ја загреете повторно водата во која ги варевте јаболката и ќе додадете онолку вода колку што е потребно за течноста во тенџерето да биде околу еден литар.

Со дел од водата измешајте ги пудинзите и додајте ги во водата што веќе почнала да врие. Мешајте додека не добиете густа смеса.

Подготвениот пудинг, прелијте го одозгора врз колачот со јаболка.

Вака подготвениот колач, оставете го да се излади.

На крај, убаво изматете го шлагот и со него премачкајте ја целата површина на тортата. Подготовката на тората завршете го со тоа што на површината ќе ставите неколку сечкани јаболка и малку мелени ореви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот