Торонто по голема борба славеше над Милвоки (ВИДЕО)

Фото: EPA-EFE/WARREN TODA SHUTTERSTOCK OUT

Екипата на Торонто го победи Милвоки со 118:112 во третиот натпревар од полуфиналето на НБА плејофот. До триумфот остварен ноќеска на домашен терен, канадскиот тим стигна по две продолженија.

Моменталниот резултат во серијата е 2-1 за Милвоки.

Најдобар играч на натпреварот беше Каваи Ленард со 36 постигнати поени, девет  скокови и 5 асистенции. Во поразениот тим се истакна Џорџ Хил со 24 поени.

Следниот натпревар ќе се игра на 22 мај исто така во Торонто.

Во другото полуфинале Голден стејт има водство над Портланд со 3-0 во серијата прв до четири победи.

https://www.youtube.com/watch?v=T_8FVPaL_EE

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот