Торонто изедначи во серијата со Милвоки (ВИДЕО)

фото. EPA-EFE/WARREN TODA

Кошаркарите на Торонто го добија четвртиот натпревар од финалето на Истокот во НБА-лигата против Милвоки со 120:102 и изедначија на 2-2 во серијата прв до четири победи.

Кајл Лаури реализира 25 поени, пет скока и шест асистенции и беше најзаслужен за победата на канадскиот тим, додека во составот на Милвоки се истакна Крис Мидлтон со 30 поени седум асистенции и шест скока.

Торонто беше подобар противник во сите четири делници од натпреварот искористувајќи ја по втор пат предноста што ја носи домашниот терен.

Следниот меч е закажан за 24 мај на теренот на Милвоки.

Прв финалист во разигрувањето за шампионскиот трофеј е Голден стејт кој во финалето на Западната конференција го елиминира Портланд со 4-0.

https://www.youtube.com/watch?v=zBNI4hAmMl8

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот