Торнадо го ОПУСТОШИ Луксембург – Улиците изгледаат како да претрпеле ВОЈНА (ФОТО+ВИДЕО)

Торнадо / Фото: Принтскрин

Шест лица се повредени за време на проаѓање на торнадо во југозападен Луксембург, а настаната е и голема материјална штета.

Ветерот дувал со 129 километри на час, соопштиле метереолозите.

Торнадото околу 17.30 часот ги зафатил Башараж и Петанг, места на југозападот во земјата каде се наоѓа границата со Белгија.

Стотина жители претрпеле штета на своите домови, изјавил градоначалникот на Петанг, Пјер Мелин. Ветерот откорнувал стебла, некои автомобили се оштетени, а патиштата се блокирани.

Железничкиот сообраќај меѓу градовите Луксембург и Лонгвиј бил отежнат, а електричната енергија е прекината на некои улици.

https://www.youtube.com/watch?v=aB9-cpM8r_k

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот