Торнадата во Европа не се невообичаени, лани имало речиси 200

Фото: Принтскрин

Појавата на торнадо во Романија не е вообичаена, но во Европа, според податоците на Европската лабораторија за опасни бури, минатата година се забележани 172 торнада.

Студена воздушна струја од Бугарија се судри со потопол, повлажен воздух во јужниот дел на Романија. Се создаде торнадо, кој го погоди подрачјето на округот Драјна, околу 70 километри од Букурешт.

Брзината на торнадото вчера изнесувала околу 90 километри на час, предизвикувајќи штета врз куќите, возилата и полињата. Се превртел и автобус со 12 патници, кои биле повредени.

Лошињскиот „ловец на бури“ Сандро Пунцет (39) изјави дека создавањето торнада во Европа не го поврзува со глобалното затоплување.

– Кога ќе се спојат сите параметри, како што е нестабилна атмосфера, топол и влажен воздух, се создава торнадо. Едноставно мора да се поклопат сите тие параметри – тврди Пунцет.

Во Хрватска во текот на претстојниот викенд се очекува промена на времето. Ќе врне дожд, ќе дува силен ветер, но ќе паѓа и снег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот