Топузоска: Градинката „8 Март“ целосно подготвена за прием на дечињата

Како градинка во очекување сме да ни биде закажан терминот кога ќе ни биде направен скринингот. Според мои сознанија тој се прави во самите објекти, што е големо олеснување за вработените, изјави за Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ директорката на градинката 8-ми Март, Павлина Топузоска.

Околу препораките и насоките од надлежните институции, Топузоска вели дека сите мерки се почитуваат.

-Овој период кога немаме дечиња го искористивме за уредување на просторот, преперување на постелнини, уредување на дворот, така што овој период имамвме вакви оперативни активности. Согледавме дека токму овој период е добар да се искористи за да бидеме уште поподготвени кога ќе се дозволи децата да бидат примени во градинката, рече Топузоска.

Благодарност до Владата и градоначалникот Темелковски.

-Сакам да упатам и благодарност до Владата која што ни ги донираше, односно ни овозможи промена на прозорци со ефикасна вредност. Сакам и да упатам благодарност до градоначалникот Филип Темелковски кој ни вети кречење на објектот и поставување на нова енергетска фасада, додаде Топузоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот