Топовски удар од навивачите на Партизан, има повредено лице! (ВИДЕО)

фото: твитер

Во текот на финалниот натпревар од Купот на Србија помеѓу Партизан и Војводина се случи инцидент.

Навивачите на партизан фрлија топовски удар на резервната клупа на Војводина и според српските медиуми повредено е едно лице.

Во 37 минута од средбата Вукадиновиќ донесе предност за Војводина после грешката на Павловиќ.

Тоа предизвика голема радост кај тренерот Лалатовиќ, но и лош пример од страна на навивачката група „Гробари“.

Повреденото лице е тренерот на голманите на Војводина, по што веднаш реагираше медицинската служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот