ТОПЛОТНИОТ БРАН ВО САД НЕ ПРЕСТАНУВА: 40.000 жители на Њујорк останаа без струја! (ВИДЕО)

Околу 40.000 жители на Њујорк немаат електрична енергија заради бранот жештина и влажност кој го погоди тој американски град.

Од 40.000, 20.000 се потрошувачи во Бруклин на кои струјата им е исклучена во неделата за да може комуналната служба да изврши поправки и да спречи поголеми исклучувања на електрична енергија, изјави градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.

Во југоисточниот дел на Бруклин 13.000 потрошувачи добиле струја, пренесува агенцијата АП.
Со прекинот на струја најмногу се погодени жителите на Бруклин и Квинс.

Во тие реони се распоредени околу 200 војници, 100 генератори и 50 рефлектори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот