Топлотен бран ја зафати Шпанија, измерени рекордни температури и до 16 степени над просекот

фото МИА

Делови од Шпанија се зафатени од топлотен бран со рекордни температури за месец мај.

Шпанската национална метеоролошка агенција „АЕМЕТ” издаде предупредувања за високи температури во 17 региони, а во градот Хаен во Андалузија се измерени 40,3 степени Целзиусови.

Медиумите извесуваат дека луѓето на југот на Шпанија бараат најразлични начини за да се разладат, дури и со капење во градски фонтани.

Регистрираната температура од 40,3 степени е за 16 степени повисока од просечната за овој период од годината. Во останатиот дел од земјата се измерени температури за најмалку седум степени повисоки од просекот.

Од „АЕМЕТ” со предупредување дека топлотниот бран може да биде еден од најинтензивните во последните 20 години. Во многу места низ Шпанија температурата во раните утрински часови не се спушти под 25 степени.

Со топлотни бранови се соочуваат и други места низ светот, меѓу кои Индија и Пакистан, како и делови од САД, пред се сојузната држава Тексас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот