Топлотен бран ја преплави Северна Европа: Сосема невообичаено, температурите се меѓу 30 и 35 степени

epa06898678 Cyclists enjoy the sunny weather in Helsinki, Finland, 19 July 2018. EPA-EFE/MAURI RATILAINEN

По најтоплиот јуни досега забележан во Финска и во некои делови на Шведска, температурите во најсеверните делови на Европа вчера срушија нови рекорди – термометарот покажа помеѓу 30 и 35 степени Целзиусови.

Во градот Кево, на самиот север на Финска, се измерени рекордни 33,5 степени, што е највисоката температура забележана во тој дел од земјата по рекордните 34,7 степени забележани во 1914 година, пренесува агенцијата СТТ.

На национално ниво, јуни беше најтоплиот месец досега забележан од почетокот на мерењата во 1844 година, со просечна температура од 16,5 степени, што го надмина рекордот од 1950-тите, според податоците на Националниот метеоролошки институт.

И во соседна Шведска, јуни годинава беше најтоплиот јуни досега забележан во Стокхолм (19,3 степени во просек), повеќе од рекордот од 2018 година, а потоа од 2019 година.

Грета е иронична: Ова, веројатно, е повторно случајно

„Дали забележуваме тренд? Па, веројатно, повторно е случајност“, порача шведската активистка за животна средина, Грета Тунберг. На државно ниво, јуни 2021 година е третиот најтопол јуни досега измерен.


Во Норвешка, Метеоролошкиот институт вчера измери 34 степени во Салтдал, област во близина на Арктичкиот круг, што е највисока температура измерена во целата земја оваа година.

Извор: Индекс.хр

Видео на денот