Топло утро, најмногу дожд на Маврово

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во целата земја утринските температури над нулата, топло и на планинските предели. Во изминатите 24 часа до 8 часот најмногу дожд наврнал во Маврово 31 литар на м2.

Во Лазарополе, според УХМР, се регистрирани 5 степени, 6 во Маврови Анови, 7 Попова Шапка, 10 Тетово, Охрид, Крушево, Претор, 11 Крива Паланка, Прилеп, 12 Берово, 13 Скопје-Петровец, Виница, 14 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Струмица, 15 Битола, 16 Штип, Дојран, Демир Капија, 18 Гевгелија.

Според измерен наврнат воден талог по Маврово со 31 л/м2 следи Крива Паланка со 19 л/м2, 18 Скопје-Петровец, 17 Пожаране, 16 Ѓуриште, 15 Крушево, Лазарополе, 14 Скопје-З.Рид, 11 Куманово, Виница, 8 Штип, Попова Шапка, 5 Струмица, Претор, Тетово, 4 Берово, Д.Капија, 3 Тополчани, 2 Битола, Прилеп, Дојран, Гевгелија, Охрид.

Времети денеска сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени. Во Скопје, слично време со максималната температура до 24 степени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот