Топла зимска бања- повеќе од релаксација

Зимскатa бања може да биде и лек за изморено тело, како и заштитник од грип и настинки.

Топлата зимска бања после напорниот работен ден е сон на секоја уморна жена. А дали знаевте дека освен релаксирачки какви други дејства има врз организмот? Када полна со топла вода, неколку капки етерично масло и целиот свет е ваш. Телото ќе ви биде благодарно, лимфниот и васкуларниот ситем одушевени, а имунолошкиот ситем ќе зајакне и ќе ве одбрани од грип и настинка.

Стимулирање на имунолошкиот систем

Туширањето ги отвора крвните садови, ги опушта вашите изморени мускули, го сопира течењето на носот, го поттикнува искашлувањето и е најдобар начин да се избегне стагнација на лимфите. Ги намалува заморот и стресот, го зголемува лачењето на хормоните на среќата, ги отвора порите и ја чисти кожата и што е најважно се бори против несоницата.

Ова е природна детоксикација

Топлата бања го поттикнува матаболизмот кон отстранување на токсините од крвта. За да постапката биде поефективна во кадата се додава морска и хималајска сол, што помага во отстранување на штетните материи од телото. За нивото на течност во телото да се обнови, после бањата задолжително напијте се , барем чаша обична вода.

Го намалува крвниот притисок

Врела бања делува како лесна вежба за тело, пропратно стимулирајќи го крвниот ситем. Доколку сакате да ја намалите нееластичноста на артериите, да ги проширете и да овозможите подобар проток на крвта, истовремено да го намалите дијастоличкиот и артерискиот притисок, бањајте се најмалку 20-25 минути.

Ја подобрува работата на мозокот

Го поттикнува создавањето на серотинот-хормонот на среќата, кој е битен елемент за вашето расположение, помага и ја подобрува работата на мозокот.

Ги согорува масните наслаги

Она што им е најбитно на жените, бањањето во када со топла вода помага во борбата против прекумерните килограми. Тоа го утврдиле британските научници потенцирајќи дека така се согоруваат калориите и се намалува шеќерот во крвта. Во експериментот учествувале  10 мажи, кои еден ден возеле велосипед. Додека другите еден час се опуштале во када, во која температурата на водата била 40 степени Целзиусови. Утврдено е дека после бањањето изгубиле 126 калории, како да пешачеле половина час. Од  друга страна, во текот на едночасовното возење на велосипед, испитаниците потрошиле 630 калории, на чија основа научниците заклучиле дека не треба да се запостави вежбањето затоа што сепак на тој начин најмногу се трошат калории.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот