Топењето на мраз на Арктикот доведе до несекојдневно откритие! (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Руската морнарница соопштила дека при неодамнешни експедиции открила пет нови острови, кои порано не постоеле, и кои се создале по трошење на глечери.

– Истражувачите за време на експедицијата во август и септември на карта цртале острови кои уште не се именувани и кои претходно биле сокриени под глечери – рекол лидерот на Северната флота, адмиралот Александар Моисејев.

– Најдовме нови острови како последица на топење на мразот. Претходно на тоа место имаше глечери, односно сметавме дека се работи за делови од главниот глечер. По топењето и промената на температурата се појавија нови острови – рече Моисејев, кој ја водел експедицијата, пренесува Гардијан.

Според минатомесечниот извештај на Обединетите нации за глобално затоплување, Арктикот во периодот од 2015 до 2019 година загубил повеќе мраз отколку во кој било друг петгодишен период од почетокот на мерењето.

Русија во последните неколку години отворила низа на воени и научни бази на Арктикот, а интересот за тој регион дополнително пораснал, бидејќи глобалното затоплување предизвикало создавање на нови бродски рути.

Во текот на експедициите, руското министерство за одбрана соопшти дека биле пронајдени пет нови острови во заливот Виза, во близина на Нова Земја, голем планински архипелаг со два главни острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот