Топ моделот Бар Рефаели стана по третпат мајка

Супермоделката Бар Рефаели за само 3 ипол години роди три деца. Вели дека веќе сонува за четвртото.

Бар Рефаели стана мајка по третпат. Фотографија непосредно пред да се породи, постирала на Инстаграм – „Еве како изгледа вистинскиот глам. Трето дете за три ипол години. Семејството е сè. Животот е убав“.

Ова е прво машко дете за Рефаели, а името сè уште не се знае. Лив беше родена во август, 2016, а Ел во октомври 2017. Татко на дечињата е Ади Езра, израелски бизнисмен, со кого убавицата е во брак од 2015 година.

Искуствата од нејзините бремености Рефаели ги споделуваше со фановите на Инстаграм.

View this post on Instagram

About to explode ??

A post shared by Bar Refaeli (@barrefaeli) on

Во една изјава, таа потенцира дека нејзините родители имале четири деца и дека таа сака да има 4 деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот