Топ Чанел: Албанија на Авганстанците ќе им понуди политички азил

Албанско знаме / Фото: Архива
Албанско знаме / Фото: Архива

На сите Авганистанци кои ќе дојдат во Албанија ќе им биде понудена можност да поднесат барање за политички азил, откако веднаш по пристигнувањето ќе им биде дадена дозвола за престој, пренесува Топ Чанел.

-Ова е за да се исполнат законските прописи што се во сила во албанската држава, со кои се бара апликација за дозвола за престој, врз основа на член 33 од Женевската конвенција за бегалци. Во овој процес ќе бидат вклучени Министерството за внатрешни работи преку Дирекцијата за граница и имиграција, додава телевизијата.

Топ – чанел дознава дека постои уште една причина зошто на Авганистанците ќе им биде понуден политички азил во земјата.

-Ова се должи на фактот дека може да има и такви кои не ги исполнуваат критериумите за добивање специјална SIV виза, по обработката на апликацијата од страна на службениците на американската амбасада. Авганистанците, кои се очекува да дојдат во Албанија, пред американските власти за визи ќе треба да ја докажат својата соработка со американската војска или НАТО во Авганистан, посочува телевизијата.

Според истиот извор се уште не познато кога американскиот воен авион ќе го донесе на аеродромот „Ринаси” во Тирана, првиот контингент Авганистанци, чиј домаќин ќе биде Албанија.

Премиерот Еди Рама деновиве за италијански „Фогли” изјави дека неговата земја ја отвори вратата за најмалку 3.000 Авганистанци.

Тие ќе бидат сместени во студентскиот центар во Тирана, како и во хотели во Драч и Берат, откако ќе ја минат неопходната процедура. За таа цел во армискиот дел од аеродромот се поставени шатори, од пред неколку дена, кога беше најавено доаѓањето на првата група.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот