ТОП 5 миленици на Инстаграм (ФОТО+ВИДЕО)
Овие мачиња и кучиња на социјалните мрежи имаат повеќе следбеници од вас!
Без оглед на тоа дали сте љубител на кучињата или пак сте луди по мачињата, социјалните мрежи се место на кое можете да го поминете времето гледајќи со часови во фотографиите од најслатките животни.
Во 2019 година, Инстаграм стана главно одредиште за споделување на фотографии од домашни миленици, а поради користењето на 250 милиони хаштази како што се #dogsofinstagram и #catsofinstagram, тешко е да се издвоите од масата.
Компанијата Sony објави листа со пет најследени домашни миленици во Велика Британија. Меѓу нив е самојед – „кучето кое се смее, мекиот црн мини шпиц и двата златни ретривери кои заедно патуваат.