Топ 5 хорори за ноќта на вештерките: Со денови нема да може да заспиете! (ВИДЕО)
За оние кои имаат храброст, филмски хорор маратон за Ноќта на вештерките е одличен избор!
Предложуваме 5 филмски остварувања кои потполно се вклопуваат во вечерашната ноќ!
1. Mirrors, 2008
Суспендиран полицаец се вработува како ноќен чувар во луксузна стоковна куќа, која неодамна ја зафатил голем необичен пожар. Единствено нешто што останало недопрено и кристално чисто, биле големите огледала. Што се крие во нив?
2. Silent hill, 2006
Роуз и нејзиниот сопруг посвојуваат девојче спасено од огромен пожар, кој го „проголтал“ скоро цело население на Сајлент Хил. Но, девојчето непрекинато месечари и сонува за местото во кое е родена. Кога за малку ќе настрада, Роуз одлучува да ја однесе во родниот град и се обиде да го реши нејзиниот проблем. Нејзиниот сопруг доцна дознава за гласините и фактите што кружат по интернетот во врска со Сајлент Хил, но Роуз и девојчето веќе заминале…
3. Cujo, 1983
Доброто куче по име Куџо е заразено со беснило. Тогаш во малиот американски град започнува сташен терор…
4. Rosemary’s Baby, 1968
Домаќинката Роузмари со својот сопруг Гај, штотуку се доселиле во Њујорк. Откако дознава дека е бремена, започнува нејзиниот кошмар. Ја измачуваат ужасни сонови, неколку нејзини пријатели починуваат под необични околности и неа ѝ се јавуваат се посилни болки во стомакот. Набрзо сфаќа дека е жртва на језива сатанистичка завера…
5. The Omen, 1976
Американскиот амбасадор дознава дека всушност неговиот посвоен син е Антихрист…