Топ 20 земји во кои е најдобро да се родиш

Рангирањето во кое беа опфатени вкупно 82 земји ширум светот има за цел да покаже јасно како поединечните земји им обезбедуваат на своите граѓани подобар живот од претходната генерација.

Во рангирањето на „Global Social Mobility Index“, првите пет позиции се окупирани од скандинавските земји, каде лидер е Данска, а потоа следат Норвешка, Финска, Шведска и Исланд.

Рангирањето во кое беа опфатени вкупно 82 земји ширум светот има за цел да покаже јасно како поединечните земји им обезбедуваат на своите граѓани подобар живот од претходната генерација.

Социјалната подвижност, во апсолутна смисла, може да се сфати како способност на детето да живее подобар живот од неговите родители.

Од друга страна, релативната социјална подвижност е проценка на влијанието на социо-економската позадина врз перформансите на поединецот во неговиот или нејзиниот живот, беше објавено на официјалната веб-страница на Светскиот економски форум.

Со други зборови, овој индекс го испитува влијанието на родното место врз квалитетот на животот на поединците.

Гледано на овој начин, не е ни чудо што скандинавските земји ги заземаат првите пет места во извештајот, бидејќи се познати како најсоцијални држави во Светот.

Спротивно на тоа, некои традиционални економски сили се вратени во рангирањето. На пример, Германија е на 11-то место, Франција е на 12-то место, Велика Британија е на 21-то место, а САД се наоѓаат на 27-то место.

Од земјите во регионот на оваа листа се најдоа Бугарија на 40-то место, Србија (41), Романија (42), Грција (48) и Турција (64).

Брегот на Слоновата Коска се најде на последното 82-то место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот