Топ 15 намирници најбогати со протеини од растително и животинско потекло

Зошто се важни протеините?

Протеините се хранливи материи кои имаат три основни улоги во организмот. Енергетска улога -тие се неопходни за правилно функционирање на нашето тело. Улога на градители – тие учествуваат во создавање на сите живи ткива на телото, како и во обновување на кожата, косата, ноктите… Имаат и функционална улога – тие се непроценлива помош за одбрана на организмот од болести.

Покрај тоа, за бремените жени, протеините се неопходни во формирањето на фетусот и во текот на сите фази на раст на бебето. Тие се исто така многу важни и за жените кои минуваат низ менопаузата за да ја зачуваат максималната количина на мускулна маса.

Постојат два вида на храна што содржи протеини. Првите се оние од животинско потекло, а другите од растително потекло.

Животинските протеини се побогати со некои основни аминокиселини кои понекогаш им недостасуваат на протеините од растително потекло. Ова е тема на која дискутираат експертите за исхрана, особено затоа што се повеќе се мисли на тоа дали би можеле целосно да ги задоволиме нашите потреби без храна од животинско потекло.

Во секој случај, оние кои следат веганска диета, веќе знаат дека има одредени видови храна богата со растителни протеини, како мешунките, тофу, но и некои зеленчуци како што се спанаќот или брокулата.

15 најдобри намирници богати со протеини

Храна богата со животински протеини

1. Јајца

Одличен извор на протеини, содржи дури 12%. Жолчката од јајце е побогата со протеини отколку белка од јајца.
Протеините од јајца се сметаат за референтни протеини: нивниот состав во аминокиселини (сите што се апсорбираат од страна на организмот) ги прави гордост на протеинската исхрана. Јајцата може да се готват на кој било начин, без да влијаат на нивниот процент на протеини: пржени, варени, меко варени и во други рецепти.

2. Црвено месо

Со просечна содржина на протеини од 18%, црвеното месо е одличен извор на протеини.
Победник во секоја категорија е говедското месо, со 30% протеини.

Внимание: Методот за готвење не е незначителен. Ако го готвите месото подолго време, загубата на вода ќе се компензира со зголемување на содржината на протеини.

3. Млеко

Вистинска супер храна во областа на протеинската храна е млекото во прав кое содржи повеќе од 35% протеини. Исто така, богато е со калциум и други хранливи материи. Во принцип, секој вид млеко е одличен извор на овие хранливи материи.

4. Дивеч

Нискомасен и со просечна содржина на протеини од 22%, дивечот не треба да се исклучува кога се обидувате да ја збогатите вашата протеинска диета. Меѓу различните видови на месо, зајакот е најбогат со протеини.

5. Сирење

Некои сирења можат да содржат до 36% протеини (како пармезанот).
Како и да е, бидејќи не јадете иста количина сирење во однос на месото, треба да ја преиспитате вкупната количина протеини што се апсорбира во споредба со делот од консумирано сирење.
Во просек, зрелите сирења содржат 26% протеини, додека меките/младите сирења содржат околу 20%.

6. Риба

Рибата има во просек од 21% протеини, а најмногу протеини има туната.
Риба треба да се јаде двапати неделно, од кои еднаш треба тоа да биде масна риба.

7. Јогурт

Јогуртот и млечните производи, како рикотата, содржат протеини, калциум, витамини и помагаат во регулирање на цревната флора, благодарение на пробиотиците.
За здрав и без конзерванс јогурт, секогаш е подобро да го подготвите дома. Тогаш е поеколошки (без пластично шише!), помалку богат со шеќер и подобар за вашето здравје.

8. Рак и остриги

Раковите, школките и остригите се богати со протеини.

9. Бело месо

Бело месо од живина има просечна содржина на протеини од 20%. Живината е популарна затоа што нејзината висока содржина на протеини е поврзана со малку маснотии и холестерол.

Храна богата со протеини од растително потекло

10. Спирулина

Ова растение, односно алга, е многу хранливо. Не само што обезбедува добра доза на протеини, туку и на железо. Сепак, секогаш мора да се обрне внимание на потеклото, бидејќи некои производи богати со конзерванси ги уништуваат неговите хранливи доблести.

11. Соја

Сојата е една од омилените јадења на вегетаријанците, во просек содржи  10% протеини.

12. Суво овошје

Тоа значи ореви, лешници, фстаци, бадеми и др. Како и да е, сувото овошје не е само одличен извор на протеини, туку подеднакво обезбедува и заштита од лошиот холестерол.

13. Квиноа

Очигледно може да изгледа како да припаѓа на житарките, но во реалноста потекнува од растение од истото семејство како спанаќот. Богата е со растителни протеини, само помислете дека од нив има по 14 грама во 100 грамска порција. Подгответе ја на ист начин како прилог и одлична е во комбинација со сезонски зеленчук и некои видови риби.

14. Семиња

Ленот, тиквата, сончогледот и сусамот се исто така добар  извор на протеини. Внимание само, ако ги консумирате, треба да ги мелете за телото да може да ги земе комплетните вредности.

15. Мешунки

Меѓу мешунките, најбогати со протеини се сојата, леќата и леблебиите, кои обично се занемаруваат, а кои треба да се јадат почесто во текот на неделата. Во принцип, мешунките се најбогат извор на протеини во природата. Само комбинирајте ги со житарки за да ги добиете сите аминокиселини што недостасуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот