Тонино Пицула ќе биде известувачот на ЕП за односите со САД

Фото: Твитер

Пицула изјави дека со ова назначување му е искажана голема доверба бидејќи односите со САД се една од најважните европски теми во овој мандат на ЕП.

Хрватскиот европратеник Тонино Пицула е назначен за постојан известувач на ЕП за односите со Соединетите држави, јави Хина. Пицула, од оваа должност, во името на Европскиот парламент ќе ги покрие сите теми поврзани со односите ЕУ-САД, а ќе биде претставен од Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) и неговата парламентарна група на Социјалисти и демократи

Меѓу приоритетните теми со кои ќе се занимава Пицула ќе бидат еднаквоста на граѓаните на сите земји членки на ЕУ во односите со Соединетите држави, како и укинувањето на двојното оданочување, соопшти неговиот кабинет.

Пицула изјави дека со ова назначување му е искажана голема доверба бидејќи односите со САД се една од најважните европски теми во овој мандат на ЕП.

– Гледајќи го моментот, бранот оправдани протести против расистичкото насилство што од минатата недела ги зафатија САД, полициската бруталност против демонстрантите и медиумите што се под закана за демократските стандарди во таа земја, докажуваат дека кон односите со оваа земја треба да се пристапи со должно внимание, особено кога ЕУ и самата води борба против антидемократските сили кај некои нејзини членки – рече Пицула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот