Тонино Пицула за „Слободен печат“: Бугарија го користи членството во ЕУ за притисоци врз Северна Македонија

Фото: Твитер

Бугарија очигледно ја користи својата позиција на држава членка за да врши и формални и неформални притисоци врз Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ. По отстранувањето на ветото, сега на ред се очигледно други постапки, но со иста цел, оценува хрватскиот европратеник Тонино Пицула во интервју за „Слободен печат“.

Според него, дополнителен проблем кај бугарските притисоци е и постоењето привремена влада, односно траење на една константна политичка криза во Софија на која не ѝ се гледа крајот.

– Во таква констелација на силите потешко е да се очекува некој похрабар исчекор на Софија, бидејќи такво нешто од страна на десницата и националистите веднаш би било прогласено за попуштање и предавство – ситуација која не ѝ оди во прилог на Севернса Македонија, вели Пицула.

Актуелните тензии во односите меѓу Бугарија и Македонија, како што додава, дефинитивно не се добри ни за македонското, а ни за бугарското општество, но очигледно дека постојат неодговорни и радикални политички опции кои „паразитираат“ на националистички и многу емотивни теми.

Неговата порака до Македонија е да се концентрира на добро познатите приоритети од Извештајот на Европската комисија, особено на борбата против корупцијата и реформа на правосудството, но, вели би било оптимално ако би се испочитувал и францускиот предлог, кој предвидува и уставни измени.

Целото интервју со европратеникот Тонино Пицула ќе биде објавено во утрешното печатено издание на „Слободен печат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот