Тони Трајковски не дојде на суд, бил претепан

Судијата Огнен Ставрев кој го води процесот „ТНТ“ даде еден час пауза давајќи му време на обвинетиот Тони Трајковски да дојде на денешното рочиште. Во спротивно рече Ставрев ќе издал наредба до МВР да го пронајде, да го уапси Трајковски и стражарно да го донесе во суд.

На денешното судење за предметот „ТНТ“, не дојде обвинетиот Тони Трајковски.

Утринава до судот бил доставен поднесок од Јовица Страшковски, адвокат на екс градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски дека синоќа бил претепан и имал видливи повреди на главата и телото.

Трајковски наводно бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, соопшти судијата Огнен Ставрев, читајќи го поднесокот на адвокатот.

Според дописот Трајковски бил пренесен во болница и имал видливи повреди, изјави неговиот адвокатот.

– Колегата Осман и јас стапивме во контакт со докторот кој ни објасни дека е во добра општа состојба и на пат е кон дома. За еде час ако не дојде, ќе го приведеме стражарно – рече судијата.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот политички противник Фијат Цаноски. СЈО тврди дека со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра.

Во овој случај обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски, како и Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот