ТОНИ од „ВЕЖБАЈ П…МАТЕРИНА“, по 18 години дојде во родниот Гостивар (ВИДЕО)

Телат Селмани-Тони, стана познат со неговиот специјален повик како да се победат болестите преку вежби. Интервјуто со Албанецот од Македонија, а кој живее во Хрватска, стана хит и многу коментиран на социјалните мрежи.

Овие денови тој се врати во своето родно место, селото Речан, Гостивар. Весникот Лајм беше во посета кај 82-годишникот, кој во интервјуто раскажува дека во Хрватска живее од 18-годишна возраст.

Целта на пораката со која стана познат, вели дека била да им се покаже на сите дека со вежби може да се победат болестите и стареењето.

На албански јазик мешан со хрватски, тој раскажува дека постојано вежба и дека никогаш не бил на лекар. Тони живее во Загреб повеќе од 60 години. Тој е среќен со неговата сопруга, неговиот син Сејдин и внукот Луан, кого се обидува да го научи албански.

Раскажува дека детството во Гостивар му било многу тешко. Вели дека неговиот татко бил балист и поради тоа бил ликвидиран од поранешниот Југословенски режим, кога Телат и неговиот брат биле уште млади.

Тони бил принуден да ја напушти Македонија. Во главниот град на Хрватска, на почетокот работел во градската пошта, па потоа ја започнал својата кариера како модел.

По 18 години се враќа во својата татковина, каде што вели дека повеќето од куќите ги најде затворени поради миграцијата.

Тони е многу среќен што во Гостивар сега сите го знаат, поради видеото што стана хит и му донесе многу слава.

Неговите совети за совладување на стареењето преку вежби, им ги пренесувал на сите што ги сретнал во локалот каде што Лајм го реализораше интервјуто со Тони, а пак сите средби ги завршува со пораката со која стана хит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот