Тони Надал: Нормално е луѓето да се сомневаат во повредите на Ѓоковиќ

Фото: EPA-EFE/CATI CLADERA

Tренерот на Канаѓанецот, Феликс Аже-Алијасим кој цели 27 години соработуваше со Рафаел Надал и е заслужен за низа титули на Шпанецот во својата колумна во „Ел Паис“ пишува за Новак Ѓоковиќ. 

Српскиоит тенисер игра одлично на Австралија Опен каде што обезбеди полуфинале и за противник ќе го има Томи Пол кој е изненадување на турнирот. Меѓутоа во медиумите се коментираат и проблемите со повреди кои ги имаше Ѓоковиќ во првите мечеви на турнирот, според многумина Ѓоковиќ глумел.

„Не се сомневам во Ѓоковиќ, но сомнежите се нормални. Не би требало да го чуди тоа што многумина се изненадени од неговите убедливи победи во третото и четвртото коло“, пишува вујкото на Рафа во својата колумна.

Ситуацијата на Ѓоковиќ ја спореди со онаа на Рафаел Надал кој во минатите години многу се мачеше со повредите.

„Со години можевме да видиме како повредите имаат директно влијание на резултатите на Рафа. Понекогаш не беше во состојба да ги заврши мечевите. Со Новак ситуацијата е поинаква, не велам дека лажира повреди, но нормално е луѓето да се посомневаат“, пишува шпанскиот тренер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот