Тони Надал дефинитивно го напушти Рафа, ќе биде тренер на еден од најталентираните тенисери на денешницата

epa05265678 Spanish tennis player Rafael Nadal (R) talks with his uncle and coach Toni Nadal (L) during a training session for the 64th Barcelona Open Banc Sabadell Conde de Godo tennis tournament in Barcelona, northeastern Spain, 18 April 2016. The Barcelona Open will take pkace from 18 to 24 April 2016. EPA/TONI ALBIR

Чичкото на Рафаел Надал, Тони е нов тренер на младиот канадски тенисер Феликс Оже-Алиасим.
Младиот Канаѓанец веќе неколку пати тренираше на Академијата на Рафаел Надал каде соработуваше со чичкото и поранешн тренер на освојувачот на 20 грен слем турнири.

Како што е најавено, Тони Надал ќе биде во тимот на 22. тенисер на АТП ранг листата веќе на мастерсот во Монте Карло кој започнува идната недела. Шпанските медиуми пренесуваат дека Тони ќе биде покрај Феликс Оже-Алиасим само на најважните турнири сезонава вклучувајќи го и Ролан Гарос.

Феликс Оже-Алиасим има 20 години, а најдобриот пласман во кариерата му беше 17. место на АТП ранг листата и досега има играно во седум финалиња, но нема ниту еден титула.
Тони Надал беше тренер на Рафаел Надал од почетокот на кариерата се до 2017 година кога се повлече и му го препушти тренерското место на Карлос Моја, а тој се грижи за тениската кадемија на Рафа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот