Тони Крос позитивен на коронавирус

Тони Крос би можел да ја продолжи кариерата во амбициозниот Њукасл/Фото: EPA-EFE/JuanJo Martin

Реал Мадрид денеска објави дека германскиот репрезентативец е позитивен на коронавирус.
Во соопштението „кралскиот клуб“ само потврди дека Крос денеска имал позитивен тест, а се наоѓа во карантн од петокот, 14 мај, бидејќи имал директен контакт со заразена личност.

Оваа вест доаѓа во најлошо време за тренерот Зинедин Зидан бидејќи нема да може да смета на еден од најважните фудбалери на пследниот натпревар во сезоната во Ла Лига во кој Реал Мадрид би можел да дојде до титулата.
Реал Мадрид во пресрет на последното коло има два бода помалку во однос на лидерот на табелата Атлетико Мадрид.
Реал Мадрид в недела го пречекува Виљареал додека Атлетико Мадрид му гостува на Ваљадолид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот