Тони Јакимовски излезе од притвор

Поранешниот шеф на кабинетот на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, и обвинет во случајот „Спец каса“, Тони Јакимовиски, по една година зад решетки излезе од притвор, дознва „Фокус“.

Одлуката за замена на притворот со гаранција ја донел Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1. На Јакимовски му се изречени мерки на претпазливост, односно одземен му е пасошот, а има и обврска еднаш во неделата да се јавува во судот.

Тој заврши во притвор минатата година во март, по барање на Обвинителството за организирање на криминал и корупција, а како осомничен во случајот „Спец каса“, односно за проневера на 825.000 евра, кои биле наменети за оперативни акции во УБК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот