Тони ѓубре пристигнаа во Канада кои беа вратени од Филипини

Во Канада пристигна товарен брод со тони канадски отпад, кој со години бил складиран на Филипини. Бродот пристигнал на терминал кај Ванкувер и довезол 69 контејнери ѓубре, соопштија локалните власти. Отпадот, потоа е претоварен во камиони до посебни места, каде ќе биде запален.

Враќањето на отпадот во земјата каде настанал е епилогот на дипломатската криза меѓу Манила и Отава, одразувајќи го ставот на азиската земја дека не сака да биде депонија за целиот свет. Отпадот на Филипини бил складиран шест години, и беше причина за дипломатска криза со Канада. Конфликтот почна во 2013 година, откако една канадска компанија испрати контејнери со ознака „пластичен отпад кој може да се рециклира”. Всушност, тие контејнери содржеле секаков вид отпад, вклучувајќи и домашно ѓубре, па дури и валкани пелени. Дел од тој товар бил преработен, но најголемиот дел бил складиран во објекти на  филипински пристаништа.

Прочитајте и...  Димитров: Посетата на европратениците Чолош и Ќучик испраќа сигнал за поддршка за пристапните преговори со ЕУ

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте во април, годинава, се закани дека ќе „прогласи војна со Канада” доколку не си ги земе контејнерите, а во мај го повлече својот амбасадор во Отава „на консултации”. набрзо Отава најави брза „репатријација на отпадот”, осигурувајќи „безбедно и еколошки исправно складирање” да се изврши во Канада до крајот на летото 2019 година. Канада, исто така, ги смени своите прописи за во иднина да спречи извоз на таков материјал без дозвола.

Индустриски развоените земји имаат проблем со пластичниот отпад, кој Кина некогаш го прифаќаше, но не го прави тоа од минатата година поради зачувување на својата животна средина. Примерот на Кина го следеа неколку земји од југоисточна Азија, но огромни количини отпад сепак се испратени во Малезија и Индонезија. 

Прочитајте и...  ДУИ: Од самиот почеток се гледа дека коалицијата помеѓу Алијансата за Албанците и Алтернатива е несериозна

Прочитај повеќе

Ангеловска: Инвестиции во луѓе, технологии и ефикасна администрација за посилно темпо на економски раст

Слободен печат

Скопје: За една недела отстранети 218 непрописно паркирани возила

Слободен печат

Самка Ибраимоски предложен за пратеник од ПЦЕР

Лекарите во Вухан ќе бидат сместени на крузери

Слободен печат

Делумно примирје меѓу САД и талибанците

Слободен печат

На „сивата листа“ се најдоа нови седум земји

Слободен печат

Остави Коментар

17 − седум =

Прочитај повеќе

Борче Мирчевски – колекционер и мајстор за олдтајмери

МИА

Еве како изгледа најдолгиот железнички тунел кој наскоро треба да биде отворен (ВИДЕО)

Војислав Мојсовски

Прва жртва на коронавирус во Италија

Слободен печат

Сандерс: Русија подобро да не се меша во американските избори

Слободен печат

Играњето со Преспанскиот може да има висока цена

Слободанка Јовановска

Курсна листа: Колкава е вредноста на еврото денес?

Слободен печат