Тони Цетински по подолго време ќе настапи во Скопје!

Инстаграм
Фото: Инстаграм

По гостувањата на неповторливите Петар Грашо и девојките од составот Фрајле, на 4 октомври (недела) на сцената на единствениот музички бар во земјава ќе застане човекот кој ја отпеа незаборавната „Лагала нас мала“ со нашиот Тоше; човекот чиј глас разоружува, а теми ги разнежнуваат и најтврдите срца. Во недела гостува Тони Цетински.

Публиката во Скопје, односно во Intermezzo Music Bar ќе има ретка можност да ги чие „Опет си побједила“, „Од милијун жена“, „23 просинац“, „Кад жена заволи“, „Нека те одведе“…

Во една прилика Цетински рече: ’На моите поранешни жени им посветувам песни’, но овој пат ветува дека целосно ќе ѝ се посвети на скопската публика, затоа што се радува на својот прв настап во земјава откако завладеа корона кризата.

– Среќен сум што доаѓам во Скопје, навистина едвај чекам да се дружам со мојата омилена публика. Затоа не се сомневајте дека ќе имаме уште една незаборавна дружба – вели Тони во пресрет на гостувањето во недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот