Тоне „Викторијас сикрет“: 71-годишен топ менаџер обвинет за злоупотреба на манекенките

profimedia

Се открива реалноста на злоупотреба и вознемирување на манекенките зад сјајните сцени на модните писти на „Викторијас сикрет“.

„Викторијас сикрет“ е една од најпознатите марки за долна облека во светот, особено прочуена по своите неверојатни модни шоуа и модели со извонредна убавина, но денес изгледа дека е во голема криза. Продажбата паднала драматично, ставајќи ја групата „L Brands“, која е сопственик на марката, во ситуација да мора да донесе драстични одлуки. Но, тоа не е сè, сега се зборува и за „ангелите во пеколот“.

View this post on Instagram

Tickled pink in all-new teddies.

A post shared by Victoria's Secret (@victoriassecret) on

„Њујорк тајмс“ ја открива реалноста на злоупотреба и вознемирување зад сјајните сцени на модните писти на „Викторијас сикрет“. Ако се потврди ова обвинение за точно, се заканува многу сериозен удар на имиџот на легендарната марка, која секако е веќе во криза извесен период, меѓу откажаните ревии и затворањето продавници.

„Викторијас сикрет“ ја дефинираше женственоста на милиони жени. Нивните каталози и модните ревии беа популарна пресвртница во модниот свет. За моделите пак, заземањето на позицијата „ангел“ гарантираше светска слава. Но во рамките на компанијата, двајца моќни мажи, според сведоштвата, малтретирале и вознемирувале. Овие сведоштва се базираат на интервјуа и изјави од повеќе од 30 сегашни и претходни менаџери, вработени и модели, како и на судски и други документи.

View this post on Instagram

Double down on our heart print panties.

A post shared by Victoria's Secret (@victoriassecret) on

Ед Разек, еден од главните директори на „Л Брендс“, матичната компанија на „Викторијас сикрет“, со децении е предмет на поплаки за несоодветно однесување. Повеќепати се обидел да ги бакне моделите, а барал од нив и да му седат во скут. Главниот директор на „Л Брендс“, милијардерот Лесли Векснер,  бил повеќепати предупреден за однесувањето на неговиот заменик. Некои модели пак, дури се жалеле и дека доживеале одмазда. Една од манекенките, Енди Муиз, изјавила дека „Викторијас сикрет“ престанала да ја ангажира за нејзините модни ревии, откако го одбила г-дин Разек. Од друга страна, голем број модели на брендот се согласиле да позираат голи, честопати без да бидат платени.

„Обвиненијата против мене се категорично лажни и не се засноваат на факти. Имав среќа да работам со многу модели и горд сум на взаемната почит што отсекогаш била присутна, изјавил Разек.

Но, медиумите, не веруваат во тоа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот