Фото: SG BBM Bietigheim

Томовски во идеалниот тим на сезоната на втората Бундеслига

Голманот на најдобрата македонска репрезентација, Мартин Томовски имаше значаен придонес во одличната сезона за својот клуб, Битигхајм, и пласманот во најдобрата германска ракометна лига.

Нашиот чувар на мрежата беше еден од најзаслужните за второто место на екипата во втората Бундеслига за влез во елитната Бундеслига.

Благодарение на неговите добри партии, Томовски се најде во идеалниот тим на сезоната во втората германска лига.

Во 31 настап за Битигхајм минатата натпреварувачка сезона имаше 273 одбрани (31% успешност) и доби просечна оценка од 73.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот