Томас Милер си тера мајтап со соиграчите кои добија награди од УЕФА (ВИДЕО)
Баерн Минхен имаше фантастична сезона во која ги освои сите трофеи, Бундеслигата, германскиот Куп и Лигата на шампионите, а во одличен стил ја започна и новата сезона триумфирајќи во УЕФА Суперкупот и германскиот Суперкуп, по што очекувано нивните играчи ги собраа наградите на УЕФА.
Мануел Ноер беше прогласен за најдобар голман од страна на УЕФА за минатата сезона, Џошуа Кимих е најдобар дефанзивец, а Роберт Левандовски доби две награди, за најдобар напаѓач и за најдобар фудбалер.
УЕФА: Најдобрите фудбалери играат во Баерн Минхен, главното признание за Левандовски
Ветеранот во Баерн, Томас Милер кој е задолжен за кревање на атмосферата во соблекувалната, одлучи да се пошегува со своите соиграчи и да го имитира доделувањето на наградите.
Имено, Милер кој е пасиониран љубител на коњи и има неколку грла, ги наградуваше своите миленици со моркови, а притоа глумеше и водител кој ги доделува признанијата. Финтата е во тоа што коњите ги нарече по своите тројца соиграчи.
Thomas Muller is just a right laugh isn’t he ? pic.twitter.com/ICJOKnr4yv
— Marathonbet (@marathonbet) October 1, 2020