Томас Милер е легенда: Играме против најголемите хулигани во фудбалот, а јас добивам жолт картон

Европскиот шампион го растури Атлетико Мадрид на стартот од Лигата на шампионите, но сите зборуваат за потегот на Томас Милер.

Баерн Минхен со стил ја започна одбраната на титулата во ЛШ, на празната „Алијанц Арена“ го растури Атлетико Мадрид победувајќи со 4:0.
Една од ретките предности на играње натпревар пред празни трибини е тоа што може да се слушне што зборуваат фудбалерите меѓу себе или како се расправаат со притивникот или со судијата.

Овој пат во главната улога беше Томас Милер кој му се налути на судијата Мајкл Оливер од Англија бидејќи му покажа жолт картон по само 20-тина минути игра. Милер се судри со Трипие кој падна по што судијата Оливер му покажа жолт картон.

Германскиот репрезентативец не можеше да верува дека доби жолт картон.
Човеку што се случува, дали е ова вистина. Играме против Атлетико, најголемите хулигани во фудбалот и ти ми даваш жолт картон за вакво нешто – му зборуваше Милер на судијата Оливер.

Прочитајте и...  Стадионот на Наполи ќе се преименува во Диего Марадона?

Милер алудираше на добро познатата грубост на Атлетико Мадрид, но и склоноста на инциденти кога станува збор за тимот на Диего Симеоне.

ВИДЕО: „Граѓаните“ со пресврт, Суарез уште еднаш немоќен пред Баерн!

 

Поврзани вести

Алушовски: Ова е реален резултат

Слободен печат

Последната фотографија на Марадона: Ја преживеа операцијата на главата но го издаде срцето

Слободен печат

Вардар без шанси против Киелце

Слободен печат

ВИДЕО: Неапол тагува за својот херој и идол: Муралот на Диего „гори“ во тишина

Слободен печат

Не сум комунист, туку Фиделист: Марадона почина на ист ден како и на политичарот на кој му се воодушевуваше

Слободен печат

Стадионот на Наполи ќе се преименува во Диего Марадона?

Слободен печат

Остави Коментар