Томас Маркл: Одлуката на Хари и Меган е збунувачка, ја повредија кралицата

Засрамен сум, жал ми е за кралицата – изјавил Томас Маркл во утринското телевизискио шоу „Добро Утро, Британија“.

Таткото на војвотката Меган Маркл, Томас Маркл, денеска изјави дека неговата ќерка и нејзиниот сопруг, принцот Хари, ја повредиле кралицата Елизабета Втора, со тоа што одеднаш одлучиле да се повлечат од високите кралски должности.

– Засрамен сум, жал ми е за кралицата – изјавил Томас Маркл во утринското телевизискио шоу „Добро Утро, Британија“.

Тој додаде дека не разбира зошто Хари и Меган толку брзо решиле да ги напуштат кралските должности.

– Нивната одлука е многу збунувачка и не верувам дека некој може да разбере како и зошто се случи тоа. Ваков раздор може да предизвика уште поголеми проблеми – рече Маркл.

Фото: Принтскрин

Томас Маркл, кој не присуствуваше на свадбата на Хари и Меган, рече дека и натаму ја сака својата ќерка и е разочаран што толку се оддалечиле.

– Навистина ми недостасува ќерка ми – рекол тој.

Сепак, вели дека е подготвен да излезе на суд со својата ќерка во процесот во кој Меган го тужеше весникот „Мејл он сандеј“.

 Ако дојде до тоа да се сретнеме во судница, тоа би било супер, конечно ќе ги видам – истакнува Маркл, кој додал дека досега не го запознал ниту Хари, ниту неговиот внук.

Томас Маркл исто така вели дека Хари требало да го посети и да ја побара раката на неговата ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот