Том Круз „заробен“ во Италија: Не излегува од хотелот поради коронавирусот!

Актерот Том Круз (57) е присилен да остане во луксузниот хотел во Венеција после снимањето на филмот „Mission: Impossible 7“, поради појавата на коронавирусот во Италија, пишува Daily Mail.

Круз пристигна во Италија пред неколку дена, а сега „заглави“ во хотелот „Gritti Palace“ и снимањето на филмот се одложи се додека не се види расплетот на ситуацијата со коронавирусот. Ноќевањето во луксузниот хотел во Венеција каде што моментално престојува Круз чини 640 евра.

Како што пишуваат странските медиуми, Том не би смеел да излезе од хотелот до 1 март, додека продуцентите не одлучат што понатака ќе се случува со снимањето. Премиерата на филмот е најавена за 23 јули 2021, но поради застојот со снимањето можно е да доцни. Филмот „Mission: Impossible 7“ го продуцира Кристофер Мекваер (51), а покрај Том Круз глумат и Ребека Фергусон (36) и Хејли Атвел (37).

View this post on Instagram

Summer 2021 and Summer 2022

A post shared by Tom Cruise (@tomcruise) on

Никој од филмската екипа не е заразен. Италијанските медиуми јавуваат дека до сега починале 7 жртви од коронавирус во Италија, а бројот на заразени расте.

Мажот за кој што се претпоставуваше дека е „пациент нулта“ е негативен на коронавирус. Италијанските медиуми открија дека има 222 заразени, а 101 се уште во болница. На интензивна нега се наоѓаат 27 пациенти, а 94 се во домашна изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот