Том Круз сè уште е во карантин во Италија

Холивудскиот глумец Том Круз (57) и екипата на филмот „Невозможна мисија 7“, кои се наоѓаат во Венеција каде што снимаат сцени од филмот, сместени се во карантин поради корнавирусот што се шири низ Италија, пишуваат странските медиуми.

Весникот „Џерусалем пост“, наведува дека Том Круз допатувал во Венеција на 20 февруари, а моментно целата филмска екипа е ставена во изолација во луксузниот хотел „Грити палас“.

Медиумите истакнуваат дека никој од филмската екипа не е заразен од коронавирус, а во карантин ќе се наоѓаат до утре, 2 март.

Филмот требало да се снима во Венеција три недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот