Том Круз посака да ја види ќеркичката Сури (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Актерот Том Круз (57) со години нема никаков контакт со својата ќеркичка Сури (13), која ја доби во брак со актерката Кејти Холмс (40). Од девојчето го одалечи скиентолошката црква бидејќи наводно таа претставувала потенцијален извор на проблеми.

Со години американските медиуми пишуваа како поранешната сопруга на Том Круз е противничка на неговата црква. Откако наводно пет години не бил во контакт со Сури, Круз, како што пренесува „In Touch“, повторно се одлучил да изгради однос.

профимедиа

– Том по подолго време видел фотографија од Сури и забележал дека таа полека расте во негово отсуство и тоа пресудило. Ако некогаш се одлучи да ја напушти скиентологијата, тоа ќе биде само поради неговата ќерка. Бидејќи Сури нема фигура на татко во својот живот, ова би била идеална прилика да се смират додека се уште не е предоцна, но скиентолошката црква е запознаена со најмрачните тајни на Том Круз, па доколку се одлучи да ја напушти, тие тајни најверојатно ќе бидат обелоденети, изјави извор близок на семејството за „In Touch“.

Денес Сури има полни 13 години, а фановите социјалние мрежи ги натрупаа со фотографии и коментари. Пораснала, како што велат, во вистинска убавица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот