Том Хенкс се врати во САД, па откри како се чувствува по излекувањето од коронавирусот

Youtube

Откако две недели поминаа во карантин во Австралија поради коронавирусот, славниот актер Том Хенкс, објави дека тој и сопругата Рита Вилсон се вееќе во САД.

Хенкс на социјалните мрежи напиша дека и двајцата се чувствуваат добро, па им се заблагодарија на сите за големата поддршка.

„Здраво на сите. Тука сме дома и сега заедно со цела Америка нема да одиме никаде. Ви благодарам многу на сите што се грижевте за нас во Австралија. Благодарение на нивната помош, се вративме во САД. Исто така, ви благодарам на сите за добрите желби. Тоа многу ни значеше и за мене и за Рита“, напиша Хенкс на Твитер.

Од друга страна, неговата сопруга, актерката Рита Вилсон на 29 март прослави 5 години откако се излечи од карцином, а таа на социјалните мрежи себеси се карактеризираше и како „преживеана во пандемија од ковид-19“.

Таа истакна дека 29 март и е многу среќен датум, бидејќи токму тогаш објави дека е излечена од коронавирус, а истиот датум пред пет години актерката се излекува и од рак.

„Овој датум ми е среќен. На овој датум навршив пет години откако имав масектомија поради рак. Им заблагодарувам на лекарите и медицинскиот персонал, на пријателите и семејството, а и вам, онлајн пријатели на вашите молитви и оптимизмот“, се заблагодари Вилсон преку Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот