Том Хенкс плачел зад камера за да ѝ помогне на актерка да покаже повеќе емоции

Instagram

Додека снимал една сцена за неговиот нов филм, Том Хенкс плачел и зад камера, со цел да ѝ помогне на својата 12-годишна колешка Хелена Зенгел.

Хенкс и Зенгел глумат заедно во филмот „News of the World“, а Зенгел била навистина благодарна за применетата психологија од страна на двократниот оскаровец.

Тој буквално плачеше во секоја сцена, дури и кога не беше во кадар дури и тогаш кога јас бев во фокус“, изјавила Зенгел за „Page Six“.

Instagram
Instagram

Актерката, која веќе се појавува во дванаесет други филмови изјавила дека актерот плачел во секоја сцена, за да ја натера да почувствува повеќе емоции и да има поефектна глума. Хенкс го правел тоа одновно и одново со цел да ѝ помогне, охрабрувајќи ја дека талентот треба да се поттикне.

Хенкс има репутација на еден од најфините луѓе во Холивуд, па затоа не е изненадување да се слушне за неговата посветеност во обидот да помогне на колега на сет.

Instagram
Instagram

Филмот „News of the World“ го следи Хенкс како ветеран од Граѓанската војна што патува стотици милји со една млада девојка со цел да ја предаде на нејзината тетка и да ѝ помогне да си најде место кое би било нејзин дом.

Ова е втора соработка на Хенкс и режисерот Пол Гринграс кои претходно работеа на „Captain Phillips“ во 2013 година кој имаше шест номинации за Оскар, вклучувајќи ја и наградата за најдобра слика.

Instagram
Instagram

Неодамна, Хенкс, кој се опорави од коронавирус, за „Today“ изјави дека вакцинацијата ќе ја изврши јавно за да покаже колку е безбеда.

Сепак, тој исто така откри дека тој и неговата сопруга Рита Вилсон, која исто така беше позитивна на коронавирусот, ќе почекаат да ја примат сите оние на кои навистина им е попотребна во моментот, па потоа ќе се вакцинираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот