Том Хенкс кажа како се чувствува 14 дена по заразата со коронавирусот и упати јасна порака!

Славниот актер Том Хенкс (63) соопшти како се чуствува по точно две недели откако му беше дијагностициран корона вирусот.

Заразена со овој вирус како што знаете е ѝ неговата сопруга Рита Вилсон (63).

По болничкото лекување парот е пуштен во домашна изолација, а сега Хенкс упати апел до луѓето насекаде низ светот.

– Еј луѓе, две недели по нашитеп први симптоми се чуствуваме подобро – започна Том. Засолништето функционира вака – не даваш никому и не земаш од никого. Здрав разум, не? Ќе потрае малку, но ако водиме сметка еден за друг, да помогнеме каде можеме и да се одвикнеме од некаков комфорт… И ова ќе помине. Тоа може да го сфатиме – кажал актерот.

Да потсетиме. Том Хенкс замина во Австралија за да се подготви за снимање на филмот за Елвис Присли, во кој го игра менаџерот на кралот на рокенролот, полковникот Том Паркер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот