Том Хенкс ја шокираше публиката со неговата тажна семејна приказна

Дедото на славниот холивудски актер бил убиен пред очите на неговиот татко кога бил мал, а актерот прв пат зборуваше за тој суров настан пред медиумите.

Омилениот холивудски актер Том Хенкс (64) ги шокираше сите гледачи со тажна семејна приказна за која првпат зборуваше во јавноста.

Имено, Том откри дека неговиот татко бил сведок на убиството на неговиот татко, односно дедото на Том, кога бил многу мал.

Сите мислеа дека знаат сè за нивниот омилен холивудски актер, но тој уште еднаш докажа дека чува одредени приватни работи за себе и за семејството.

По многу години, Том се отвори во интервју со Грeaм Бенсингер и откри дека неговиот татко Амос Мефорд Хенкс бил присутен кога се случило убиството на неговиот татко.

Татко ми имал 9 или 10 години кога изнајмен работник го убил татко му во шталата на нивната семејна фарма во калифорнискиот град Виловс. Тој бил едно од четирите деца и единственото што го видело неговиот татко убиен.Тоа го скршило неговото детско срце. Како дете морал да сведочи дури трипати и да одговара на безброј прашања на адвокатите и судијата. Немилиот настан започнал како тепачка и затоа човекот кој го убил бил ослободен затоа што се работело за тепачка – кажа Том.

Тој додаде дека тоа го уништило неговиот татко и му го одзел безгрижниот детски живот, а исто така го изгубил чувството дека во светот има правда.

Не беше во ред што тој го виде тоа. Тоа беше неправда што цел живот ја носел на неговите млади плеќи – истакна актерот. Тој исто така објасни дека неговиот татко станал црна овца во семејството затоа што бил сведок на тој ужасен настан.

– Тој не чувствуваше вистинска радост се додека не се ожени со мојата маќеа. Тој сакаше да биде писател, но животот не му даде шанса да си ги оствари тие соништа – заклучи Том во искреното интервју со кое ја шокираше јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот