Том Хенкс искрено: На луѓето им е непријатно да бидат покрај мене (ВИДЕО)

Youtube

Том Хенкс се најде во улогата на водител на комичната емисија „Saturday Night Live“, каде што раскажа како изгледало неговото лекување од коронавирусот, но и каков му е животот откако го победил вирусот.

„Не грижете се, избричената коса е поради улога, бавно расте. Многу е добро да се биде овде, но и чудно да се води Saturday Night Live, од дома. Чудно време е за шеги, но да се обидуваш да бидеш смешен е поентата на емисијата“, рече на почетокот.

Меѓутоа, иако тоа е суштината на емисијата, следната изјава на Хенкс никому не му беше смешна.

„Никој не сака да биде покрај мене, на луѓето им е непријатно да бидат покрај мене“, рече Хенкс.

„Ова одело е првото што сум го облекол од 11 март, а да не е тренерка. Сопругата ми помогна да го облечам бидејќи забравив како функционираат копчињата“, се пошегува глумецот.

Опоравувањо на Том Хенкс од коронавирусот траеше еден месец, а по лекувањето и задолжителната изолација тој и неговата сопруга се вратија во САД на 28 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот