Том Хенкс и Рита Вилсон добија грчки пасоши

Instagram

Холивудскиот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон вчера на грчкиот остров Парос се сретнале со премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис и неговата сопруга Марева, и тоа како нови државјани на Грција.

Мицотакис на неговиот инстаграм-профил објавил фотографија со холивудскиот пар на која тие со насмевка на лицето ги покажуваат нивните нови грчки пасоши.

„Рита Вилсон и Том Хенкс сега се горди грчки државјани“, напишал Мицотакис.

Рита има грчко потекло, а Хенкс долго време поседува скапа и луксузна вила од 450 квадратни метри на островот Антипарос, па така стекнале услови за добивање грчки пасоши.

Instagram

Претходно Том Хенкс поради неговата сопруга ја има прифатено православната вера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот