Толку е „тапа“ годинава што и Оксфорд не внесе нов збор во речникот

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Управата на Оксфорд Јуниверзити Прес, веројатно најпознатиот издавач на речници во светот (Oxford Dictionaries), годинава, ја нарече година без преседан, зошто не успеа во склад со традицијата да избере збор на годината.

„Секоја година се избира збор или израз на година по избор на најобемниот референтен речник на англискиот јазик, кој го одразува општото расположение или преокупација на населението во изминатите 12 месеци“, стои во објавата на издавачот Оксфорд Јуниверзити Прес.

„Но во 2020 година, токму како и во нашиот секојдневен живот, англискиот јазик претрпе големи промени, брзо и повеќе пати прилагодувајќи се на светските настани“.

Оксфорд наместо тоа објави нов јазичен извештај под наслов „Зборови на годината во година без преседан“.

Листата ги следи историските годишни настани, па така тука се најдоа зборови како “bush fires” (пожари на грмушки) кои дивееја низ Австралија, потоа зборот “impeachment” (политичка постапка за отповикување, побивање) и “acquittal” (ослободителна пресуда), која почесто се користеше кога американските претседател Доналд Трамп се соочуваше со проблеми во Конгресот.

Пандемијата од коронавирус додаде бројни изрази на листата: “lockdown” (затворање), “circuit breaker” (мини затворање, кратко затворање), “shelter-in-place” (службена одредба издадена за време на вонредната состојба со која на луѓето им се советува да останат во своите домови и да не го напуштаат ако не е неопходно), “remote/ly” (без физички контакт) и “unmute” (повторно вклучување на звук или уред)

Често користени изрази

Во текот на летото често се користеше изразот “Black Lives Matter” (Црните животи се важни) и неговата скратеница  BLM, додека теоријата на завери “QAnon” и “mail-in” (американски изборни гласачки ливчиња испратени преку пошта) се од понов датум.

Спротивно на тоа, поимот „Брегзит“ во текот на 2020 година е користен 80 отсто поретко од претходно, рекоа јазичните експерти.

„Никогаш досега не сум посведочел на ваква година, што се однесува до јазикот“, рече Касепе Гратвол, претседателе на Оксфорд Ленгичис.

Како одминува годината, оксфордскиот тим експерти идентификуваше стотина значајни нови зборови и нивната употреба и објаснува дека во поинакви околности повеќето од нив би биле прогласени за зборови на годината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот